Политика за користење на промотивни кодови
Политика за користење на промотивни кодови
Општи одредби
Промотивните кодови (купони за попуст) издадени од Shop Lily овозможуваат одреден попуст или друга промотивна погодност при купување производи преку нашата веб-страница lily.mk.
Начин на користење
Промотивниот код се внесува во полето „Промотивен код“ пред завршување на нарачката. Попустот ќе се пресмета автоматски доколку кодот е валиден.
Секој промотивен код може да се користи еднаш по купувач, освен ако поинаку не е наведено. Промотивните кодови не може да се комбинираат со други акции, попусти или кодови.
Период на важност
Секој промотивен код има рок на важност кој е наведен при неговото објавување. По истекот на тој рок, кодот повеќе не може да се користи.
Ограничувања
Промотивните кодови не можат да се заменат за пари во готово. Shop Lily го задржува правото да поништи, измени или ограничи било кој промотивен код во секое време без претходна најава.
Доколку постои сомнеж за злоупотреба на промотивен код, нарачката може да биде откажана.
Распродажби и специјални кампањи
За време на распродажби (на пример: Black Friday, Сезонска распродажба или други кампањи со веќе намалени цени), промотивните кодови не се активни и не може да се користат за дополнителен попуст.